Божиновски:„Гранд Ривер“ се продава како одлична локација со поглед на Водно и на Вардар

пред 2 години

Граѓаните во „Гранд Ривер“ препознаа екслузивна можност за урбано домување, модерен и квалитетен животен стил, па оттука и големиот интерес за купување станови, вели архитектот Илија Божиновски, директор на „МГ ФЕШН“ кој го гради комплексот „Гранд Скопје“, спроти хотелот „Холидеј Ин“. Тој во емисијата „Утрински брифинг“ истакна дека освен скопјани и граѓани од државата, за купување станови се интересираат и странци.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

– Применуваме, се што е неопходно за да имаме висок квалитет на станбен простор, термоизолација, термотехничка инсталација, електрика, посебни системи за гаснење пожар. Становите ќе бидат поврзани на централно градско греење. Најлуксузните станови се на најгорниот кат од комплексот, за разлика од сите други објекти кои се прават во Скопје, овие станови ќе имаат огромни тераси и високи тавани од по 4 метри, како и голема квадратура. Цената на становите не е по метар квадратен, туку зависи на кој кат е станот, големината, орентацијата, како и од големината на терасата. Временски становите ќе бидат готови за околу 2 до 3 години, по што ќе следи реализиацијата на останатите објекти од комплексот – рече Божиновски.

Граѓаните кои ќе купат стан во комплексот „Гранд Скопје“нема да имаат грижа за паркирање на сопствените возила, бидејќи под комплексот ќе има три подземни ката кои ќе бидат гаражи.

Целиот комплекс „Гранд Скопје“ ќе биде со мешана намена, односно составен од две станбени и една административна зграда, кои ќе бидат поврзани со отворен шопинг-простор во приземјето, а пак во центарот на комплексот е предвиден урбан парк на површина близу 7.500 м2.

ПР-текст

Share
Scroll to Top