Болка и тага: Училиштето се прости од 18-годишниот Михаил кој загина во несреќата кај Илинден заедно со неговиот татко

Болка и тага: Училиштето се прости од 18-годишниот Михаил кој загина во несреќата кај Илинден заедно со неговиот татко

пред 3 часа

Со емотивна објава, средното училиште „Здравко Цветковски“ се прости од својот ученик Михаел Арсовски, кој заедно со својот татко го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи во близина на полициската база „Брест“, во склоп на Меѓународниот аеродром Скопје.

Од училиштето информираат дека Михаел бил ученик во класот Г-4а и дека неговата трагична и ненадејна смрт длабоко ја потресла училишната заедница.

„Со длабока тага ја споделуваме веста за трагичната и ненадејна загуба на нашиот ученик Михаел Арсовски, ученик во Г-4а клас, кој заедно со својот татко трагично го загуби животот“, се наведува во објавата.

Оттаму упатија најдлабоко сочувство до семејството, роднините, пријателите, соучениците и сите кои го познавале Михаел.

„Михаел ќе остане засекогаш во нашите сеќавања како дел од нашето училишно семејство. Нека почиваат во мир“, порачаа од училиштето.

Според информациите од Јавното обвинителство, во несреќата на самото место починале возачот на автомобилот „хјундаи“ и неговиот 18-годишен син Михаел, додека тешко била повредена и неговата 18-годишна ќерка.

Со тешки телесни повреди се здобиле и возачот на „опел корса“ и неговиот сопатник, двајцата на иста возраст, кои биле пренесени во болница во животозагрозувачка состојба.

На местото на несреќата увид извршиле дежурен јавен обвинител, вешто лице и увидни екипи на Министерството за внатрешни работи.

Јавниот обвинител издал наредби за обдукција на двете починати лица, а надлежните продолжуваат со дејствија за утврдување на точните причини и околности под кои дошло до несреќата.

Текстот Болка и тага: Училиштето се прости од 18-годишниот Михаил кој загина во несреќата кај Илинден заедно со неговиот татко е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top