Борисов и Меркел разговарале за позициите на Бугарија и Македонија

пред 4 години

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов остварил видео состанок со германската канцеларка, Ангела Меркел, на кој станало збор за првата меѓувладина конференција на Македонија со Европската Унија и приближувањето на позициите со Бугарија.

„Остварив видеоконференција со германската канцеларка Ангела Меркел. Се заблагодарив на нејзиниот личен ангажман и на германското претседателство за барање формули за овозможување почеток на преговорите на Република Северна Македонија за членство во ЕУ. Верувам дека со помош на Германија, особено за време на нејзиното претседателство со Советот на ЕУ, ќе бидат донесени вистински и правилни одлуки“, напиша Борисов на „Фејсбук“.

Бугарските медиуми објавија дека разговорот траел 40 минути.

Проведох видеоконферентен разговор с канцлера на Германия Ангела Меркел. Благодарих за личния й ангажимент и този на…

Posted by Boyko Borissov on Tuesday, November 3, 2020

Share
Scroll to Top