Борис Стефановски го фати светиот крст во Куманово во соборниот храм Св.Никола.
Пред многубројните верници во соборниот храм Св.Никола во Куманово, кои присуствуваа на осветувањето на водите и крстот, денеска се служеше света литургија, во чест на големиот христијански празник Богојавление – Водици.
„По празничното духовно одбележување и традиционалниот чин – фрлање на светиот крст, на Борис Стефановски му посакавме здравје, среќа и успех во иднината, а од името на Општина Куманово му врачивме и подарок“, објави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
Текстот Борис Стефановски го фати светиот крст во Куманово е превземен од МАКФАКС.





