Бочварски: Браната Отиња се гради со силно темпо

пред 2 години

Изградбата на крупните капитални проекти продолжува со несмалено темпо, истакна министерот Бочварски при денешниот увид во изградбата на браната Отиња во Штип.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Како што појасни тој, во делот на темелот се работи на левиот и десен брег, а паралелно со ова тече и изведбата на цевководот кој се поставува врз изготвена бетонска плоча. Цевководот е со пречник 1,7 метри и во должина од 165 метри.

„Задоволен сум од динамиката со која браната се гради. До сега се завршени бетонските работи долж оската на браната и на опточниот цевковод. Вкупната инвестициска вредност за овој голем проект за штипскиот регион изнесува 306 милиони денари“, изјави министерот.

Бочварски додаде дека годинава се очекува да заврши изградбата на втората фаза од експресниот пат Штип – Кочани, како и локалните улици во Штип кои се работат преку Министерството за транспорт и врски.

„Улицата Панче Караѓозов е целосно завршена, додека крстосницата Сењак на која се работи интензивно очекуваме да биде завршена овој месец.

За останатите три улици, Солидарност, 5-ти Конгрес и Браќа Даневи очекуваме постапките за избор на изведувач да завршат многи брзо и веднаш да се започне со нивна реконстуркција“, истакна министерот.

Share
Scroll to Top