Бочварски: Потребно е регионално поврзување и модернизација на железницата на Западен Балкан

пред 2 години

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска се обрати на Првиот состанок на мрежата на компании за железничка инфраструктура од Западен Балкан, во организација на Секретаријатот на Транспортната заедница.

Целта на серијата состаноци е да се разгледаат можностите за регионално поврзување и унапредување на железничкиот систем во државите од Западен Балкан.

„Денешното присуство на управителите на претпријатијата за железничката инфраструктура претставува силна потврда за посветеноста и јасен сигнал дека железничката инфраструктура и состојбата со железничката мрежа е врвен приоритет на земјите од Западен Балкан. Во последната деценија Владите во регионот посветуваа внимание на развојот на железницата и железничкиот систем. И покрај тоа што реформите во железничкиот сектор се долги, сепак овој процес е повеќе од неопходен. Ќе се согласите со мене, наша заедничка цел е железничкиот транспорт да биде подеднакво значаен и развиен како и во земјите на Европската Унија и да биде признат и препознаен како безбеден, побрз и еколошки транспорт”, изјави Бочварски

Тој се осврна и на состојбата во Република Северна Македонија.

“Двата Коридори, 8 и 10 кои поминуваат на територијата на Република Северна Македонија, ја прават земјата важна крстосница во регионот. Коридорот 10, е главната артерија по која се одвива транзитниот желенички транспорт. Во однос на доизградбата на железничките делници на Коридорот 8, сакам да ја потенцирам политичката определба на оваа Влада, но и заедничката посветеност на Република Северна Македонија, Бугарија и Албанија, преку потишаните Меморандуми за соработка и реализација на проектите долж овој Коридор. Според нашата национална стратегија, очекуваме источниот дел од Коридор 8 да биде завршен 2027 година”, изјави Бочварски

Министерот за транспорт и врски додаде дека бенефитите од железничкиот транспорт се неколкукратни и затоа сите ние треба да продолжиме да работиме на модернизација преку заеднички проекти.

Share
Scroll to Top