Бојан Јовановски спроведен во „Идризово“ за да ја издржува казната од девет години затвор

пред 3 години

Осудениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски попладнево од домашен притвор бил спроведен во затворот „Идризово“ на издржување на затворската казна од девет години.

Тој бил спроведен од страна на полицијата околу 16 часот и е сместен во приемното одделение на затворот. Во идните денови ќе се направи и проценка на ризик, по што, треба да биде префрлен во друг дел на затворот.

Од Кривичниот суд, велат дека упатниот акт за Катица Јанева, осудена на седум години, ќе го изготви судија од судот во Гевгелија. Потоа и таа од домашен протвор ќе биде спроведена во затвор.

Спроведувањето на Јовановски во „Идризово“ доаѓа откако Апелација ја потврди пресудата за случајот „Рекет“ и стана правосилна.

Share
Scroll to Top