Бугарската делегација положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

пред 3 години

Делегација на бугарската влада положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод 150 годишнината од неговото раѓање.

Бугарската делегација ја предводеше министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, придружувана од заменичката-министерка за надворешни работи Велислава Петрова, заменик-министерот за култура Јуриј Велковски и амбасадорот на Република Бугарија во нашата земја Ангел Ангелов.

Венец свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев положи и Илхан Ќучук, европратеник и известувач за Северна Македонија во Европскиот Парламент.

„Владата на Северна Македонија го поздрави учеството на делегациите на Бугарија во одбележувањето на 150-годишниот јубилеј од раѓањето на Гоце Делчев, најзначајниот лик од историјата на нашата земја, во знак на поддршка на дијалогот и напорите на двете земји за интензивирање и продлабочување на вкупната соработка и зацврстување на довербата“, информираа од владината прес-служба.

Претходно денеска, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и заменичката-министерка за надворешни работи Фатмире Исаки, во име на Владата, положија венец свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас во Скопје.

Share
Scroll to Top