Одлуката на Уставниот суд за укинување на Балансерот е само потврда за антиалбанската политика на нелегитимната Влада, велат од Алијанса за Албанците.
Според нив, со таквата одлука се докажува и покорноста и сервилноста на албанските партии во Владата кон ВМРО, ЗНАМ и Стоилковиќ кои уште од првите денови на Владата, како што велат, почнаа со реализација на проектот за деалбанизација на државата.
„Покорувањето на вазалите во оваа Влада ги надмина дури и очекувањата на нивните господари. Времената мерка воведена пред неколку недели беше само мерење на пулсот, дали ќе има реакција и последици од албанските партнери во Владата. Но, неодговорното однесување и често образложението на одлуката, од страна на претставниците на ВЛЕН, ги тешеше сите заинтересирани фактори за укинување на Балансерот“, истакнуваат од Алијанса за Албанците.
Текстот Вазалитетот на албанските партии во Владата ги поттикна судиите да го укинат Балансерот, според Алијанса за Албанците е превземен од МАКФАКС.






