Вакцинирањето на првите здравствени работници ќе се емитува во живо

пред 3 години

На фан-страницата на Фејсбук кај министерот за здравство, Венко Филипче, со почеток во 10 часот, јавноста ќе има можност да го проследи почетокот на процесот на имунизација во земјава со вакцинирање на првите двајца здравствени работници од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби.

Денеска е предвидено да бидат вакцинирани 260 здравствени работници.

Македонија процесот на имунизација го почнува со вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“.

Share
Scroll to Top