Велешанец тешко повреден при работа во скопски трговски центар

пред 3 години

Во скопската полиција вчера околу 17 часот било пријавено дека во болницата „Аџибадем Систина“ со тешки повреди бил донесен В.П. (50) од Велес.

Според пријавеното, околу 16 часот тој се повредил додека извршувал работни задачи на објект во градба во трговски центар на подрачјето на Гази Баба.

Увид на местото извршила екипа од скопската полиција.

Share
Scroll to Top