Велосипедист тешко повреден во сообраќајна несреќа во Скопје

пред 3 години

Педесет и едногодишен велосипедист е тешко повреден во сообраќајна несреќа во Скопје.

Според информациите на МВР, вчера во 13 часот во полиција било пријавено дека на улица Љубљанска во Карпош, автомобил „тојота“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(33) од Скопје, удрил во велосипедистот Ф.Н.(51) од Скопје.

Велосипедистот со тешки телесни повреди бил пренесен Градската општа болница „8 Септември“.

Share
Scroll to Top