Вечерва нова владина седница

пред 4 години

Владата вечерва ќе ја одржи 53-тата редовна седница.

На седницата ќе биде разгледана информацијата за унапредување на процесот на фискална децентрализација што ќе ја презентира Министерот за финансии, информираат владините служби.

Пред министрите во Владата ќе се најде и информацијата за доставување на ИПА III стратешкиот одговор и Акциските документи за 2021 до Европска Комисија, како и информацијата за подготовка на седумнаесеттиот состанок на Поткомитет за иновации, информатичко општество и социјална политика кој ќе се одржи на 23 март.

Share
Scroll to Top