Вештачење на мобилните телефони и примена на ПИМ за проверка дали насилникот комуницирал со роднините, бара Зајкова за случајот во Охрид

Вештачење на мобилните телефони и примена на ПИМ за проверка дали насилникот комуницирал со роднините, бара Зајкова за случајот во Охрид

пред 41 минута

По поднесувањето на кривична пријава од МВР против К.К. (31) од Охрид за сторено насилство – тешка телесна повреда врз жена, претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, во објава на социјалните мрежи, побара од ОЈО да се проверат мобилните телефони за утврдување на комуникациите на насилникот со роднините.

„ОЈО да да иницира одземање и вештачење на мобилни телефони, како и примена на посебни истражни мерки за утврдување комуникации меѓу насилникот и неговото семејство за да утврди и да докаже лесно ако имало повици. Па и од сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР може да се ангажираат ако сакаат… и ако има, да им покренат веднаш кривична пријава за Помагање на сторител по извршено кривично дело. И да, барам итно преиспитување на правната квалификација и преквалификација во ОБИД ЗА УБИСТВО“, пишува претседателката на ЛДП во својата објава.

Текстот Вештачење на мобилните телефони и примена на ПИМ за проверка дали насилникот комуницирал со роднините, бара Зајкова за случајот во Охрид е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top