(Видео)Коциќ: Блокадата на нов клинички центар е на штета на сите граѓани

пред 3 години

Блокирањето на изградбата на нов клинички центар од страна на ВМРО-ДПМНЕ е апсурдна и на директна штета на граѓаните и македонското здравство, вели пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ.

Според него, опозициската партија блокира важен проект од витално значење за сите граѓани, без разлика на етничка, верска или политичка припадност.

„Жалиме што внатрешните пресметки во ВМРО-ДПМНЕ се прекршуваат врз грбот на граѓаните и повикуваме, чесните, искрени пратеници во оваа партија да се вразумат и интересот на граѓаните да го стават на прво место“, рече Коциќ.

Да се биде против овој проект вели Коциќ е да се биде против македонското јавно здравство и против интересите на граѓаните и државата. Токму тоа според него го прави ВМРО-ДПМНЕ со блокадата со 2.000 амандмани на Предлог Законот.

Тој уште еднаш апелираше, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја научат лекцијата од серијата порази и дебакли и еднаш да застанат на страната на граѓаните, наместо на страната на блокадите и деструкциите.

Share
Scroll to Top