(Видео)Трипуновски: Власта е неодговорна и виновна за избувнување на свинската чума

пред 2 години

„Власта е неодговорна и на ризик го стави целиот фонд на свињи во Република Македонија”, истакна на денешната прес-конференција Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделие на ВМРО-ДПМНЕ

Од партијата апелираат за ризикот од ширењето на африканска свинска чума веќе три години, но владата во изминатиот период не презема ништо и сега имаме ситуација на ширење на заразата во Република Македонија.

Активно ја следиме ситуацијата со појавата на африканската чума кај свињите во с. Драмче, општина Делчево.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали Агенцијата за храна и ветеринарство и Владата на Република Македонија се на висината на задачата во справување со оваа подмолна и мошне опасна заразна болест кај свињите која може да ја уништи најсветлата точка во македонското сточарство – свињарството?

АХВ и Владата не ја сфатија важноста на имплементирањето на превентивните мерки во спречување на појавата на болеста за кои укажавме уште 2019 година со носењето предлог сет мерки?

ВМРО-ДПМНЕ апелира власта сериозно да пристапи кон проблемот и да ги преземе сите мерки кои ги предлагаме, а сè со цел заштита на свињарството.

Една од најважните мерки од предложените сет мерки од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше забрана за чување свињи на отворено и пристапот до комуналните депонии да биде ограничен.

За жал, Агенцијата за храна и ветеринарство и Владата на РМ целосно потфрлија и со својата паушалност загрозуваат стотици милиони евра инвестирани во свињарскиот сектор, односно, загрозуваат повеќе од 145.000 свињи во 4.100 одгледувалишта ширум Република Македонија, истакна Трипуновски.

Share
Scroll to Top