(Видео)Јанчева: Арсовска не ја почитува јавноста

пред 3 години

Градоначалничката Данела Арсовска преку претседавачот Трајко Славески закажа седница на Советот, без при тоа благовремено да ги покани медиумите, кои редовно ја следат работата на Советот, истакна на денешната прес конференција Љубица Јанчева,координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

Таа додава дека ваквиот потег на Данела е невиден преседан во досегашната работа на Советот чии седници секогаш биле достапни за јавноста преку медиумите.

“Ова бегање од јавноста е непочитување на медиумите, но и на граѓаните чии претставници се советниците.
Ако сака да сокрие Данела нешто нема да може. Уште во првите месеци од мандатот, Арсовска покажува непочитување кон јавноста и непознавање на надлежностите на Градот.Ова е срамно, неодговорно однесување кое скопјани не го заслужуваат.” изјави Јанчева

На денешната седница како точка на дневен ред не беше ставена донацијата, односно бесплатното украсување на градот.

“Данела Арсовска и Трајко Славевски треба да знаат дека секоја донација до Градот, мора да мине со одлука на Советот, ниту градоначалничката ниту кој било друг нема право самостојно да одлучува по однос на донации”, додава Јанчева.

Според неа добро е што Советот посредно го прифати предлогот на советниците од СДСМ и коалицијата и се зголеми износот на средствата за помош на семејствата на настраданите во несреќата во Бугарија.

Неодговорно, несериозно и нечесно работење, тоа е одликата на првиот месец од работата на Арсовска, изјави Јанчева.