(Видео) Актерите од Струмица во расправа со директорот фискултурец: Ни треба кадар од културата

пред 3 години

Доволно сум компетентен да ја водам институцијата НУЦК „Антон Панов“, имам менаџерски сертификати и на оваа тема нема причина да се дебатира, вели новоназначениот директор Васил Бубев кој се вклучи на почетокот на дебатата со актерите Анкица Бенинова, Ванчо Василев и Стојан Велков кои се противат на одлуката професор по фискултура да раководи со институцијата за култура.

Носителите на дејност во театарскиот сектор на „Антон Панов“ кои ја формираа иницијативата „Култура или фискултура“ револтирани од одлуката на Министерството за култура да ги раководи според нив несоодветен кадар веќе еден бараат промена на Бубев и ново кадровско решение.

„Јавноста можеше да ги види т.н дипломи што ги приложил директорот Бубев и на една од нив стои учество во манифестација за празот. Ако ова беше нормална држава ќе мислевме дека е некој скеч и никако здраворазумски немаше да може Комисијата при министерството за култура да назначи ваков кадар за директор на институција од културата со 57 вработени и три уметнички сектори“, децидни се актерите.

Во доставената пријава до Министерството за култура стои дека Бубев го докажал своето културно работење како кореограф преку приложени договори за соработка со балетското студио „Газели“, докажал дека училиштето „ Гоце Делчев “ од општината Василево, каде што бил директор добивало плакети и дипломи за учество на Струмичкиот карневал, а приложил и благодарница за општината, за учество на културната манифестација „Денови на празот“.

Одговорот што актерите го добија од Министерството за култура е дека не постои формално правна пречка Бубев да биде директор.

За претходните настани и назначувањето на новиот директор, нивниот аргументиран револт и тоа дека нема да отстапат до промената на директорот жестоко дебатираа тројца актери од Струмица.

Тие велат дека побарале и антикорупциска комисија да ја разгеда оваа одлука, и нема да отстапат од нивните барања иако со ресорната министерка Ирена Стефоска нема повеќе да има дијалог на оваа тема.

Share
Scroll to Top