(Видео) Ангелов: Вчера беа нападнати пожарникари, инцидентот е пријавен во полиција

(Видео) Ангелов: Вчера беа нападнати пожарникари, инцидентот е пријавен во полиција

пред 3 часа

Во текот на вчерашниот ден се случи непријатен инцидент. Првите двајца пожарникари коишто пристигнаа со помало противпожарно возило кај објект, штала, во којашто се чувала поголема количина тутун, во близина на Прилеп, биле нападнати од сопственикот, информираше Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Како што објасни Ангелов, сопственикот нервозно се приближил до пожарникарите и со буткање во пределот на градите, ги отстранувал и спречувал да продолжат со гасење.

Пожарникарите го пријавиле инцидентот во полиција, а полицијата работи на расчистување на случајот.

Ангелов апелираше до сите граѓани да имаат предвид дека „пожарникарите не се супермени и не можат за минута да стигнат до местото коешто гори“, а исто така постои можност во исто време да има повеќе пожари на таа територија којашто ја покриваат локалните пожарникари и нивните екипи да се расфрлани на различни места.

„Ги повикувам граѓаните да им помагаат на пожарникарите, а не да ги напаѓаат и да се закануваат“, додаде Ангелов.

Текстот (Видео) Ангелов: Вчера беа нападнати пожарникари, инцидентот е пријавен во полиција е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top