(Видео) Ангелов: Даваме се од себе за да го совладаме огромниот пожар на Китка, во моментов  има повеќе од 20 пожари на отворен простор

(Видео) Ангелов: Даваме се од себе за да го совладаме огромниот пожар на Китка, во моментов има повеќе од 20 пожари на отворен простор

пред 3 часа

Во текот на денешниот ден регистрирани се 20 пожари на отворен простор, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Ер тракторите, како што појасни, дејствуваат врз пожарот на Китка, каде активни се неколку краци.

„Даваме се од себе за да го совладаме овој огромен пожар кој е проширен на голема територија и сум оптимист дека во текот на денешниот или утрешниот ден ќе биде ставен под делумна контрола. Во текот на денешниот ден досега има повеќе од 20 пожари на отворен простор за жал нивната јачина уште не стивнува“.

Според Ангелов, има многу неодговорни луѓе кои ненамерно предизвикуваат пожари.

„За уште поголема жал имаме злонамерни луѓе кои поради користољубие или осветнички мотиви намерно предизвикуваат пожари свесни дека притоа може да убијат некого“, додаде тој.

Текстот (Видео) Ангелов: Даваме се од себе за да го совладаме огромниот пожар на Китка, во моментов има повеќе од 20 пожари на отворен простор е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top