(Видео) Арсовски: Сакаат АД Славија да ја продадат свесно обезвреднета

пред 3 години

Молкот на цела Влада на СДСМ е само показател дека сакаат АД Славија да ја продадат свесно обезвреднета, по цена на основачкиот удел од 218.000 евра, а не по пазарна проценета вредност од страна на институциите, посочи во денешното ново излагање на оваа тема, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Според информациите на Арсовски, целиот имот на АД Славија чини над 20 милиони евра, а денеска објави документи со кои, како што кажа, ги демантира СДСМ во обидот да се извлечат од криминалниот процес.

„Ова е официјален документ од Централниот регистар, каде што се гледаат годишните приходи и текови на парите на АД Славија. Ова е листинг од обработена годишна сметка од Централен регистар на АД Славија.

Секоја година, АД Славија има приходи од работењето на самата компанија од околу 50 милиони денари. Тоа се околу 70-80.000 евра месечно приходи, зависно од месецот, кои што легнуваат на контото на АД Славија.

Според нашите информации во моментов на сметката на АД Славија има околу 6 милиони денари или 100.000 евра, што значи новиот купец кој што би ја купил за 218.000 евра Славија, доколку не се одложи како што апелираме, би си добил и пари на сметка кога ќе ја купи фирмата и акциите и практично може да му се за фати за 100.000 евра да купи таква компанија бидејќи нели ќе му се вратат овие 100.000 евра на сметка.

Од друга страна, во делот пасивата во годишната сметка може јасно да се види дека обврските на АД Славија се 253.271.232 денари или 4,2 милиони евра обврски и долг. Како и што рековме во изминатите прес-конфереции, не е долгот како што лажеа во Владата на оние прес-конференции дека бил 17 милиони евра или многу повеќе, долгот е само 4,2 милиони евра.

Оттука, слободно можеме да посочиме, дека и покрај ваков долг, со вакви приходи на годишно ниво, АД Славија со целиот свој имот, земјишта и работење има вредност од над 20 милиони евра“, посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ и уште еднаш јавно порача да се повлече продажбата на АД Славија која, како што рече, се подготвува на срамен начин.

Share
Scroll to Top