(Видео) Арсовски: Сашко Николов со Штип владее исто како неговото семејство со Баргала

пред 3 години

Во само 10 месеци, новиот пулен и миленик на Зоран и Вице Заеви, градоначалникот на Штип, Сашко Николов, си го покажа правото лице, обвини на денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Во продолжение, тој рече дека накратко пред јавноста ќе објасни како изгледа владеењето на Сашко Николов во пракса.

„Ќе направам споредба помеѓу неговото владеење и однос кон граѓаните во Штип и помеѓу владеењето на неговото семејство со фабриката Баргала и вработените во Баргала.

Сите знаеме дека тој со неговата ароганција се пофали дека лично ги дизајнирал чевлите што сакал да му ги направат во Баргала, за откако ќе му ги направат напатените работници, потоа да видиме како се исплаќаат плати по 2 денари, за потоа да избркаат над 100-тина луѓе од работа и да не исплаќаат плати по 4 месеци на вработените, за што се отвори и стечајна постапка.

Класично користење за личен интерес, па потоа бркање од работа 100 луѓе без плата кои остануваат на улица. Ова ме потсетува на 90-тите и приватизацијата. Ако вака се однесуваат со сопствен, личен, семеен имот, замислете како се однесуваат со имотот на граѓаните и со општината.

Истиот принцип на владеење е и во општина Штип. Цели 10 месеци Сашко Николов се обидува да ги залаже граѓаните со минијатурни полупроекти, што не се ниту 10% од програмата што ја ветија во 2017 година и она коешто тој самиот го ветуваше пред 10 месеци, за потоа да ја направи општината приватен имот и да ги заборави граѓаните, односно да ги искористи за личен интерес, како што истото се случи со неговото семејство во Баргала“, рече Арсовски.

Според портпаролот на опозицсиката партија, Штип се соочува со тажна реалност.

„Еден доктор кој цел живот живее во Штип, да не се заинтересира да се доправи клиниката во Штип, кој е универзитетски град, да нема една модерна клиника, покажува колку му е гајле за општина Штип и за штипјани. Дури ни гасификацијата која ја вети пред 10 месеци дека ќе ја отпочне за три месеци откако ќе биде избран, се уште не е отпочната. Каналот за наводнување на Караорман кој го вети, се уште нема абер да го отпочне“, истакна Арсовски кој додаде и дека за обиколницата околу Штип, за жал, штипјани ќе почекаат уште неколку години.

На крајот, партискиот портпарол порача дека Сашко Николов не е опција за Штип и штипјани како градоначалник и нагласи дека што порано се врати на претходната професија, толку подобро би било за градот и општината.

Share
Scroll to Top