(Видео) Арсовски: Странски медиуми објавуваат дека Заев, Пендаровски и Димитров договориле нон-пејпер во Берлин

пред 4 години

Зоран Заев, Димитров и Пендаровски молчат веќе цела една недела дали и што договарале во Берлин. Странски медиуми и новинари веќе објавуваат дека Заев, Пендаровски и Димитров договориле нон-пејпер во Берлин, а тука во Република Македонија молчи цела Влада и буквално за ништо не ја информира јавноста, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Се обидуваат повторно на најподмолен начин СДСМ и целата свита околу Заев, да ги изиграат граѓаните и да ги доведат пред свршен чин во овие преговори. Што е договорено и што прифатиле и што пишува во тој нон-пејпер кој го има Владата? Дали Заев има намера да објави за каков нон-пејпер станува збор и кога ќе им соопшти на граѓаните и медиумите што содржи во него и каква е содржината?“, праша тој.

Според Арсовски, меѓународната политика на Заев и останатите кои ја воделе доживеале тотално фијаско.

„Јасно е дека Заев се што може ќе направи да остане што повеќе во фотелјата за да може неговото семејство што повеќе пари да украде од граѓаните и од државата. За жал, додека тие крадат, граѓаните и државата страдаат. Потребно е веднаш да се повлече Заев и сите околу него од Владата и да се формира Влада за национален спас, која ќе има јасна стратегија и визија да ја извади Република Македонија од овој ќорсокак во кој ја внесоа Заев, Димитров, Пендаровски, Шеќеринска и останатите“, рече Арсовски.

Share
Scroll to Top