(Видео) Арсовски: Финското министерство потврди дека Царовска шири лажни вести

пред 3 години

Зоран Заев и Мила Царовска шират лажни вести. Шират зараза од лажни вести. Министерството за образование на Финска ги демантираше лагите на Царовска дека укинувањето на историјата како предмет е по Финскиот образовен модел, соопшти портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„ Во Финска историјата е задолжителен предмет за сите ученици во основно и во средно училиште. Во основа на новата наставна програма во Финска знаењето на историјата и историските вештини се уште повеќе засилени и зацврстени, стои во одговорот на министерството за образование на Финска испратен до Македонско– Финско здружение, во кој ја демантираат Царовска за она кое што го изнесе на прес-конференција.

Во Финска историјата и општествените науки се изучуваат како посебни предмети, а не заедно. Значи, македонската министерка не ја зборува вистината, се вели во одговорот на министерството за образование на Финска испратено до здружението. Царовска е фатена во класична лага и манипулација врз граѓаните.

Со цел по секоја цена да успеат да ја укинат историјата како предмет Царовска се обиде да го злоупотреби финскиот образовен модел, кој е најдобар во светот, во надеж дека ќе ги излаже и изманипулира граѓаните.

Лагите на Царовска не поминаа. Фејкњузот кој што го креираат Царовска и СДСМ не помина“ истакна Арсовски.

Share
Scroll to Top