(Видео) Бектеши: Целосна поддршка за одлуката за разрешување на директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј

пред 2 години

Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека целосно ја поддржува одлуката за разрешување на директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј.

„ Давам целосна поддршка на одлукaта за разрешување на директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј. Како надлежна институција во областа на енергетиката Министерството за економија во континуитет бара одговорно, домаќинско и професионално менаџирање на институциите, напиша на својот Фејсбук профил Бектеши по повод одлуката на Управниот одбор на АД ЕСМ за кадровски промени со кои се разрешени директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј.

Министерот напиша дека нема да има ценовни шокови кај електричната енергија од јануари следната година и дека нема да има рестрикции на електрична енергија.

„Посветено ја следиме работата на сите енергетските компании“ напиша Бектеши.

Share
Scroll to Top