(Видео) Владата утре на вонредна седница ќе ги намали акцизите на горивата, продолжува и пониското ДДВ

(Видео) Владата утре на вонредна седница ќе ги намали акцизите на горивата, продолжува и пониското ДДВ

пред 2 часа

Владата утре на вонредна седница повторно ќе носи мерки против поскапувањето на горивата.

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска кажа дека се исполнети условите за намалување на акцизите. Според него, акцизата за дизелот ќе се намали за 4 денари по литар, а за бензините за 2 денара по литар.

„Берзата за нафтата се затвори во четвртокот заради велигденските преазници и нашите калкулации покажуваат дека дизелот требаше да поскапи некаде околу 7 денари, а бензините 1,5 до два денара. Со промената на акцизите претпоставувам дека цената на дизелот во понеделник ќе се коригира за околу 3 денари. Имајќи предвид дека полека, но сигурно истекува попустот што го дава Окта, ќе ги обновиме разговорите со нив за да видиме дали ќе го продолжат попустот и понатаму“, рече премиерот.

Ако се постигне договор со најголемиот снабдувач, Мицкоски вели дека крајната цена на дизелот нема да се зголеми, додека кај бензините би можело да има намалување за околу 2,5 денари по литар.

Мицкоски посочи дека намалената акциза ќе влијае со десетици милиони евра на Буџетот, но дека средствата се обезбедени благодарение на домаќинското работење.

Тој најави дека за две недели ќе продолжи и мерката за намалено ДДВ за горивата од 10 проценти, а за понатаму Владата ќе ја следи состојбата и ќе интервенира навреме.

Текстот (Видео) Владата утре на вонредна седница ќе ги намали акцизите на горивата, продолжува и пониското ДДВ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top