(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе претставка до Антикорупциска за фирмата „Бригада Дизајн“ на советникот од СДСМ во Град Скопје

пред 3 години

ВМРО-ДПМНЕ поднесе претставка до Антикорупциска за фирмата „Бригада Дизајн“ на советникот од СДСМ во Град Скопје, Бојан Ивановиќ, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Денеска сме пред Антикорупциската комисија и ќе поднесеме претставка за фирмата ‘Бригада Дизајн’ ДООЕЛ Скопје, чиј директор и еден од сопствениците е Бојан Ивановиќ, советник од редовите на СДСМ во Град Скопје. Фирмата на Бојан Ивановиќ, советникот и членот на СДСМ, земала тендери од Фондот за иновации и Регулаторната комисија во висина од над 10 милиони денари, а јасно е каде е сомнежот и тоа веќе неколку денови го говориме, а од СДСМ и од власта има единствено молк“, рече Арсовски.

Дополнително, рече тој, бараме Антикорупциската комисија да се разбуди од зимскиот сон и да почне да работи, да не чека дозвола ниту од Љупчо Николовски, ниту од Зоран Заев,.

„Би сакал уште еднаш да ги потсетам антикорупционерите и нивната претседателка дека се независно тело, а не тело кое треба да ги команда владата како што впрочем гледаме дека за жал сега се случува тоа и да отворат случај да ги истражат овие сомнителни тендери за кои што говориме неколку дена а има класичен молк кој што најверојатно значи потврда дека се фатени живи во сомнителен криминален тендер СДСМ“, рече Арсовски.

Во спротивно, додаде тој, уште еднаш антикорупционерите ќе покажат и докажат дека само се партиски привезоци на СДСМ и на власта и соучесници во криминалот на власта.

Share
Scroll to Top