(Видео) Георгиевска: Со навремени мерки го штитиме стандардот, граѓаните да бидат спокојни

пред 3 години

Со издржани и навремени мерки го штитиме стандардот на граѓаните од ценовните шокови како последица на глобалната енергетска криза, истакна на денешната прес-конференција, Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

Објасни дека во таа насока, ограничени се маржите во трговијата на основните продукти на 10 отсто на мало и на пет отсто на трговијата на големо. Претходно, цените на овие производи беа замрзнати.

„Граѓаните да бидат спокојни, нема потреба од правење залихи. Основните производи и сите останати артикли ги има и ќе ги има во доволна количина, а нивната цена нема да се зголеми драстично“, рече таа.

Според Георгиевска нема потреба од паника, стокови резерви со храна и нафтени деривати има доволно, се следи внимателно ситацијата и доколку има потреба државата ќе интервенира.

„Во моментот нема потреба од тоа, имајќи предвид и дека производителите на овие основни производи имаат залихи за период над 1 месец, не вклучувајќи ги деновите кои може да се покријат преку државните резерви. Владата и институциите предводени од СДСМ во континуитет, постојано преземаат конкретни мерки кои го штитат и унапредуваат стандардот на граѓаните. Тоа е особено важно имајќи ги предвид глобалните кризи во делот на економијата и енергетиката“, нагласи таа.

Додаде дека Владата предводена од СДСМ им помага на домаќинствата и во справување со зголемувањето на цената на електричната енергија.

„Намалено е ДДВ за струјатата од 18 на 5%, рестарирани се сите капацитети и нема увоз на скапа струја, државата ги сибвенционира граѓаните со што спречивме големо покачување на струјата. Скоро 7.500 семејства добиваат субвенции за сметките за електрична енергија, а се подготвува и нов пакет мерки за помош на граѓаните и стопанството. Новонастанатата ситуација со војната во Украина и последиците од неа врз глобалната економија, се следи внимателно и навремено се реагира, со издржани и реални мерки, и што е многу важно врз основа на претходно направени анализи за ефектите и финансиските импликации“, вели таа.

Истакна дека Владата веќе подготвува обемен пакет за помош на граѓаните и економијата, врз основа на анализи и тие издржани и реални мерки ќе се најдат наскоро пред пратениците.

„Се надеваме дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги блокира со лицитирање на бројки, со паушални предлози, туку ќе ги поддржи, затоа што тие ќе бидат од помош за граѓаните и домашната економија“, потенцира пратеничката од СДСМ.

Share
Scroll to Top