(Видео) „Енергетика” почна со парно греење во Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром

пред 4 години

На почетокот на грејната сезона, 15 октомври, АД ЕСМ, подружница „Енергетика“ почна со испорака на топлинска енергија за корисниците кои се снабдуваат со греење преку топловодниот систем на Енергетика, а тоа се скопските населби Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром.

Парно греење добија 3.700 домаќинства, детски градинки, основни и средни училишта и деловни субјекти.

„Во ‘Енергетика’ се бележи зголемен интерес за нови приклучувања на системот на парно греење, како од индивидуални куќи, така и од новоизградени станбени згради во овие населби. Имаме поднесени барања за нови приклучоци кои во моментов се во фаза на реализација, бидејќи истите беа поднесни во втората половина на септемви и првата половина на октомври, така што бројката на корисници дополнително ќе се зголемува”-изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски при денешната посета на ,,Енергетика” и увидот во работите за старт на грејната сезона.

Во однос на проширувањето и реконструкцијата на нашата топловодна мрежа, во завршна фаза е изработката на проектите, а реализацијата е планирана за наредната година. Со оваа инвестиција, како што посочи Ковачевски, ќе се обезбедат нови приклучоци и греење за пошироко подрачје во населбите Железара и Хиподром, како и поквалитетно греење за постоечките корисници.

Share
Scroll to Top