(Видео) Жугиќ: Град Скопје да ја повлече точката за преименување на улиците од дневен ред

пред 3 години

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје бара повлекување на точката за преименување на улиците од дневен ред и организирање широка јавна расправа, изјави Јелена Жугиќ, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

„Петре Шилегов гази по жртвата и по имињата на Митрополит Теодосиј Гологанов, на Борис Сарафов, на Христо Батанџиев, на Мајка Тереза, на Киро Глигоров и на Борис Трајковски. Петре Шилегов со предлогот за преименување на улиците во градот Скопје прави апсурдни ситуации, предлага за имиња на улици странски претседатели, а го трга името на покојниот претседател Борис Трајковски“, рече Жугиќ на протестот на булеварот Борис Трајковски.

Таа кажа дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ бараат и широка јавна расправа во која ќе биде вклучен и Институтот за историја и други релевантни чинители, како и општините во градот Скопје, кои, според неа, не се воопшто прашани за предлогот на градоначалникот Шилегов.

Share
Scroll to Top