(Видео) Исповед на преживеаниот гитарист од ДНК кој еден месец беше во кома по пожарот во Пулс

(Видео) Исповед на преживеаниот гитарист од ДНК кој еден месец беше во кома по пожарот во Пулс

пред 46 минути

Горан Тонев (25), гитаристот кој настапуваше со познатото музичко дуо ДНК во кобната вечер на трагедијата во Кочани, првпат јавно ја споделува својата тешка, но инспиративна борба за живот.

По речиси еден месец поминат во вештачка кома и долготрајно лекување во Грција, тој денес испраќа силна порака за храброст и благодарност за секој нов ден.

Горан се присетува на моментите од трагичната вечер кога, како што вели, мислел дека сè е готово.

„Настапував со ДНК како нивен гитарист. По тоа што се случи, излегов со многу повреди и навистина мислев дека го губам мојот живот“, раскажува Тонев.

Во тие моменти на хаос и страв, клучна улога одиграла една девојка.

„Ми пријде една девојка, за која после многу време разбрав дека всушност ја познавам – по име Моли. Таа со приватно возило ме однесе во болницата во Кочани“, се присетува Горан на својот прв спас.

По првичната помош, поради сериозноста на повредите, Горан бил пренесен на Клиниката во Скопје, каде што ја изгубил свеста. Следувал транспорт и долготрајно лекување во специјализираната болница „Папаниколау“ во Солун, Грција.

„Бев во вештачка кома скоро еден месец. Имам некое сеќавање од тој период, исто како да сонуваш, но континуирано. Кога се разбудив и првпат го прашав мојот татко кој датум сме, тој ми кажа дека е 16 април. Не можев да зборувам како што треба поради изгорениците на дишните патишта, имав поставено трахеостома“, раскажува младиот музичар.

Текстот (Видео) Исповед на преживеаниот гитарист од ДНК кој еден месец беше во кома по пожарот во Пулс е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top