(Видео) Кавадарци доби зелен пазар по 60 години

пред 2 години

По 10 месеци изведба, во Кавадарци денеска беше отворен градскиот нов зелен пазар.

Пазарот е изграден за првпат во општина Кавадарци после 60 години, истакна градоначалникот, Митко Јанчев.

„Заедно со советниците и со граѓаните на општина Кавадарци успеавме овој зелен пазар за десет месеци како што кажав да биде изграден. И тоа на три нивоа, по 2.300 м2, со 140 паркинг места, 170 тезги за пазарење соодветни по ХАСАП стандард, и 18 места за продажба со 6 разни либертини во делот на риба, месо, млеко и млечни производи“, рече Јанчев.

На настанот присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој изјави дека пазарот ќе обезбеди пристојни и европски услови за луѓето кои што овде ќе работата, ќе ги продаваат своите производи и ќе обезбедуваат егзистенција за своите семејства.

„Ги охрабрувам сите останати да го следат примерот на градоначалникот Митко Јанчев, на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои што работат на дневна основна и ги реализираат ветувањата кои што беа дадени за време на предизборната кампања за овие локални избори и да ја оправдаат довербата која што граѓаните ја дадоа и во првиот и во вториот круг“, порача Мицкоски.

 

Share
Scroll to Top