(Видео) Каевски: Потребна е одговорност и мудрост од сите пратеници

пред 2 години

Собранието, храмот на демократијата е вистинското место за одлука околу заклучоците за последниот европски предлог за почеток на преговорите со ЕУ, порача на прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Тој истакна дека сите парламентарни партии имаат одговорност пред граѓаните и пред државата, да се вклучат во процесот и преку дебата и конструктивност да придонесат во носењето на конечната одлука.

„Потребна е одговорност и мудрост од сите пратеници, ова е надпартиско прашање. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски бегаат од дебата за вакво важно прашања за иднината на нашите граѓани и нашата држава покажува дека се плашат од вистината, се плашат дека ќе пропаднат сите нивни лаги и измислици. Со последниот европски предлог имаме чист македонски јазик во ЕУ, без додавки и фусноти, македонскиот идентитет е целосно заштитен , а историските прашања не се дел од преговарачкиот процес“, рече Каевски.

Порача дека ВМРО-ДПМНЕ не треба да бега, туку да учествува во дебатата во Собранието а дотогаш да се откаже од блокадите, деструкциите и крвавите сценарија со Левица, со Алијанса, кои не ум успеаја.

„Откако се распадна коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса, сега Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев остануваат сами и изолирани во антиевропската агенда. Само ВМРО-ДПМНЕ и Левица се против ЕУ. Апасиев вчера и јавно повика да не бидеме членка на ЕУ и уште еднаш го потврди дејствувањето за туѓи интереси. По ваквите изјави на неговиот коалициски партнер, Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да соопшти дали и тој се залага за членство во Евроазиската унија, и дека не треба да бидеме дел од ЕУ?  Дали е ова причината што ВМРО-ДПМНЕ сака да побегне од дебата во Собранието за ова прашање?“, праша Каевски.

Share
Scroll to Top