(Видео) Каевски: Проруски инсталации на насилните протести на антиевропската коалиција на Мицкоски и Апасиев

пред 2 години

Антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, со насилни протести и крвави сценарија дејствуваат против интеграцијата на државата во ЕУ. Педесетина повредени полицајци, фрлање на запаливи течности кон полицијата, обиди за исценирано крваво сценарио за меѓуетнички инциденти е епилогот од насилните протести на ВМРО-ДПМНЕ и неговите партнери Левица и Алијанса за Албанците, изјави на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Тој наведе дека на виделина излегуваат нови моменти кои ја докажуваат поврзаноста помеѓу насилниците од протестите и ВМРО-ДПМНЕ со проруски инсталации. Од фотографиите што лицето само ги им објавувано на социјалните мрежи може да се види дека е во друштво на партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ. На една од фотографиите притвореното лице носи облека со националните обележја на Русија.

Руските знамиња на протестите, навредите кон нашите сограѓани од другите народи и етнички заедници во државата се јасен доказ дека протестите не се против европскиот предлог, туку неуспешен обид за рушење на владата и имаат за цел да создатат етнички конфликт, да ја дестабилизираат земјата, истакна Каевски.

Каевски истакна дека и по неколку денови, ВМРО-ДПМНЕ молчи и не одговара која е поврзаноста на армискиот дезертер Драган Ковачки со насилниците под качулки пред Собранието. Во клучен период за евроинтеграциите, ВМРО-ДПМНЕ и Левица прават се за да ја дестабилизираат државата и да ја оддалечат од ЕУ.

Тоа нема да им успее. Институциите и граѓаните нема да дозволат да успеат крвавите сценарија на Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев. Ќе одговара секој кој ќе се обиде на каков било начин да ја загрози стабилноста на државата, додаде Каевски.

Share
Scroll to Top