(Видео) Ковачевски: Отворањето на претставништво на Европската инвестициска банка е силна поддршка за економскиот развој на државата

пред 2 години

Европската инвестициска банка (ЕИБ), банката на Европската Унија, денес официјално го инаугурираше своето претставништво во Скопје во склоп на просториите на Делегацијата на Европската Унија во Македонија. Со овој чекор, банката на ЕУ ја потврдува својата поддршка за одржлив раст и зелена транзиција на земјата, порача премиерот Ковачевски, кој присуствуваше на церемонијата по повод отворањето на претставништвото. Тој истакна дека новото назначено локално присуство ќе ја засили техничката и финансиската поддршка за приватните и јавните инвестиции во земјата.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„ Претставништвото на Европската инвестициска банка во Скопје има за цел да ги забрза и новите иницијативи и ќе ја подобри идентификацијата, подготовката, обезбедувањето финансирање и извршувањето на проектите според најдобрите практики.

Европската инвестициска банка е активна во Северна Македонија од нејзиното основање во 1991 година. Преку оваа банка се обезбедени финансии за поддршка на клучни инфраструктурни проекти, за развој на локални заедници, како и за поддршка на малите и средни претпријатија.

Во овој период Европската инвестициска банка обезбеди 1 милијарда евра за поддршка на социо-економскиот развој во процесот на пристапување нашата земја во ЕУ преку финансирање на мали и средни претпријатија, на транспортни, енергетски и на комунални инфраструктурни проекти.

Во моментот преку Европската инвестициска банка, а со буџет од 246,9 милиони евра наменет за кофинансирање на проектите од јавниот сектор, тековно се спроведуваат проектот за водоснабдување и одведување отпадни води во општините во Република Северна Македонија, проектот за финансирање на мали и средни претпријатија и средно пазарно капитализирани претпријатија, проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија, дел на Северна Македонија” и проект за Пречистителна станица за отпадни води Скопје.

Од проектите кои се во завршна фаза на подготовка ќе го издвојам проектот Рехабилитација на источниот дел од железничката пруга на Коридор 8, односно третата делница од Крива Паланка – Деве Баир до границата со Бугарија вреден 412,3 милиони евра“ изјави Ковачевски.

Тој нагласи дека од особено важност е поддршката на Европската инвестициона банка и за малите и средни претпријатија, кои се 99% од сите активни деловни субјекти и имаат голема улога во економскиот раст на земјата.

„ Отворањето на претставништвото на Европската инвестициска банка во нашата земја е силно охрабрувањето за сите наши планови за одржување и раст на нашата економија. Уште еднаш упатувам честитки и верувам во уште поблиска и интензивна соработка“, рече премиерот Ковачевски.

Share
Scroll to Top