(Видео) Ковачевски: Прославата на националниот ден на Србите е сведоштво за заедништвото што го градиме низ вековите

пред 2 години

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва се обрати на свечената академија по повод националниот ден на Србите во Република Северна Македонија.

„Ми претставува особена чест што имам можност од оваа свечена академија да им го честитам националниот ден на Србите во нашата земја. Овој ден е посветен на една од најсветлите и најсвети личности во историјата на српскиот народ – свети Сава. Свети Сава е втемелувач на самостојната српска православна црква и нејзин прв архиепископ. Тој е просветител, основач на училишта и болници, дипломат, пишувач на првите закони во државата српска. Свети Сава е посредник и помирител меѓу раскараните браќа и народи. Признавањето на етничките, националните, верските и на културните разлики се посебноста и суштината на нашето заедништво. Во тоа наше заедништво што го градиме низ вековите и што го негуваме денеска свој значаен придонес има и српската заедница во Северна Македонија“, изјави премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на свечената академија по повод националниот ден на Србите во Република Северна Македонија.

Share
Scroll to Top