(Видео) Ковачки: Насилството пред Собрание е дело на полициски инсталации

пред 3 години

„Насилството пред Собранието е дело на полициските инсталации на СДСМ и Оливер Спасовски. Ова не е дело на народот, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, туку на полициските инсталации на власта кои со предизвикување на инциденти и ескалација, сакаат на брзина да им помине предавството“ обвини денеска на прес-конференција пред Владата – Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Пионот Ковачевски треба да и одговори на македонската јавност дали позади уфрлените лица за насилство стојат Спасовски и Зечевиќ. Очигледно е дека не ги бива за работа, но затоа за местенки и саботажи се експерти. Откако власта виде дека граѓаните, десетици и десетици илјади мирно и достоинствено кажаа не, без ниту еден отпушок или навреда кон полицијата, почнаа да смислуваат, а сега веќе и да спроведуваат сценарија со провокатори“ рече Ковачки.

Тој потенцираше дека „Ковачевски и Спасовски, не може да го разбиете единството на народот. Не може да ја уништите енергијата оти досега никој не победил народ. Нема да подлегнеме на провокации и ќе продолжиме со достоинствено, јасно и гласно противење на договорот за бугаризација на македонскиот народ. Бугаризацијата и насилството се нивни, силата на мирниот народ и вистината се наши“.

Share
Scroll to Top