(Видео) Ковачки: Шекеринска ја загрозува безбедноста на државата со издавање информации од класифицирани документи

пред 3 години

Членот на извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки изјави дека денеска во ОЈО поднеле три кривични пријави, две против актуелната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, и една против раководно лице во Министерството за одбрана.

„Ова е првпат во историјата на модерна Македонија, актуелен министер за одбрана, на ваков незаконски и крајно непрофесионален начин, дрско да ја злоупотреби својата позиција и содржини од класифицирани документи да  искористи исклучиво во својa лична и партиска промоција“, изјави  Ковачки.

Според него, Шекеринска ја загрозува и безбедноста, но и државата во целост со тоа што издава информации кои се од витално значење за одбраната.

„Цениме дека ваквиот, во континуитет незаконски однос кон класифицираните информации од страна на актуелен министер за одбрана којшто е платен и по закон е обврзан да ги чува и штити класифицираните информации е неприфатлив и бараме од ОЈО веднаш да пристапи кон своите законски надлежности и да поведе постапка пред надлежен Суд“, вели членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија бараат одговорност и оставка од Шекеринска.

 

Share
Scroll to Top