Владеачкото мнозинство е стабилно, истакна портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.
Тој нагласи дека по прозивките од страна на ВМРО-ДПМНЕ за разнишаната власт, мнозинсистото е со тенденција да се зголемува во наредниот период.
„Северна Македонија има стабилна власт и разнишана опозиција. Ете толку беа лагите на ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Мицкоски дека имале мнозинство во Собранието, дека владата само што не паднала. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вчера избегаа од салата. Ова е изгласана доверба на Владата без ниту еден глас против“, рече Костадинов.
Според него ВМРО-ДПМНЕ како што рече, ќе остане запаметена како најголемиот кочничар на реформите, мерките и политиките што се во интерес на граѓаните.
„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да покажат доблест после овој пораз и да почнат да работат во интерес на граѓаните. Се уште имаат шанса да научат важна лекција а тоа е дека со опструкции, не се доаѓа на власт“, додаде Костадинов.
Тој најави дека со или без ВМРО-ДПМНЕ, ќе продолжат да носат законски решенија важни за иднината на државата.