(Видео) Коциќ: Кршењето на Ковид протоколите од страна на Мицкоски е неодговорно и опасно по јавното здравје

пред 3 години

Здравствениот систем, сите надлежни институции веќе трета година посветено се борат против пандемијата на вирусот Ковид 19.На сила се уште се протоколи и мерки за заштита од ширење на коронавирусот. Но додека медицинскиот персонал е истоштен од долгата и напорна борба против вирусот, Христијан Мицкоски продолжува со своето неодговорно однесување, изјави на денешната прес конференција, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

Тој дфодава дека додека ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за здравјето и бара наставата да се одвива онлајн, целата јавност го виде Мицкоски како во тесна просторија полна со луѓе, ги крши протоколите за заштита од коронавирусот.

Од почетокот на пандемијата па до денес, Мицкоски постојано ги крши мерките, а тоа го прават и други високи функционери на неговата ВМРО-ДПМНЕ.

Да се постапува спротивно на мерките за заштита не само што е неодговорно, туку е и опасно по јавното здравје.Секој од нас, а особено политичарите има обврска со сопствен пример да покаже одговорност во време на вакви тешки пандемии. Сите ние треба да ги почитуваме Ковид протоколите, а оние кои не се вакцинирани тоа да го сторат што поскоро. Само така ќе ставиме крај на оваа пандемија, само така животот ќе се врати во нормала, изјави Коциќ.

Share
Scroll to Top