(Видео) Коњановски: Битола се гради како никогаш досега, конкретни проекти, видливи резултати и јасна визија за иднината

(Видео) Коњановски: Битола се гради како никогаш досега, конкретни проекти, видливи резултати и јасна визија за иднината

пред 2 часа

Денес кога правиме сублимат на сработеното во првата година од овој мандат и покрај сложените проблеми на теренот што за некои делови од градот значат инфраструктура недопрена со децении, а некаде никогаш вистински решени проблеми, чекор по чекор ја остваруваме визијата за поубав и инфраструктурно поуреден град, спортски активна и успешна младина и културен подем достоен за Битола, истакна градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

„Од нумерички аспект тоа значи најголем број одобрени проекти од владата на државно ниво или вкупно 81 проект од двата владини повици од унгарскиот кредит. Над 10 км обновена и новоизградена патна инфраструктура во урбаниот и руралниот дел на нашата општина. Инвестиции во водоводната и канализационата мрежа во должина од над 3 километри, реконструкција и изградба на 24 спортски училишни терени и четири типски спортски сали, 220 нови паркинг места на некогашните узурпирани градски простори или како дел од новоизградените улици“.

Во спортската инфраструктура вели тој, покрај во терените и објектите на образованието, образовните институции инвестираме и подготвуваме проектна документација и за други локации.

„Битола повторно станува град во кој културата блеска во најсилно светло. Во изминативе 10 месеци имавме над 100,000 посетители на нашите манифестации. За овој културен раст општината преку програмата за култура обезбедува околу 45 милиони денари, што е седум пати помалку од 310 милиони денари за спортската инфраструктура, но доволно за битолската култура далеку да се слушне, а сите посетители на настаните за убавите впечатоци долго да зборуваат“.

За ранливите категории, Општина Битола преку програмата за социјална заштита за 2026 година како што најави, обезбедува вкупно 14 милиони 600 илјади денари.

Еден од капиталните проекти на оваа локална самоуправа според најавеното е и противпожарната зграда во поранешната касарна, која, како што рече битолскиот градоначалник, ќе биде објект кој ги задоволува сите стандарди за ефикасна интервенција.

„Предизвици за град како Битола има уште многу создадени од различни фактори. Дел од аспект на старото автентично градско јадро, дел гледани како резултат на стариот генерален урбанистички план непроменет повеќе од 25 години, а дел настанати како последица на повеќегодишното неинвестирање во градот.
Нив не ги решаваат скечеви, герила акции или желба да се придобие довербата на граѓаните.
Решението е во конкретни проекти и многу работа. Денес додека Битола се подготвува за големиот фестивал Браќа Манаки, а градежната механизација е постојано на терен и кога нашата држава одбележува 35 години независна Македонија со манифестации низ градовите, честитајќи го овој значаен јубилеј, посакувам заедно низ конструктивност, идеи, инвентивност, достојно да си ја честитаме независноста, градејќи поубаво место за живеење на сите наши граѓани“.

Текстот (Видео) Коњановски: Битола се гради како никогаш досега, конкретни проекти, видливи резултати и јасна визија за иднината е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top