(Видео) Кузеска: Во четири општини ВМРО-ДПМНЕ ќе потроши милион евра за партиски вработувања

пред 2 години

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, не само што ништо не работат, туки расипнички ги трошат парите на граѓаните, обвини на денешната прес-конференција, портпаролка на СДСМ, Богданка Кузеска.

Како што кажа таа, само четири општини раководени од градоначлници на ВМРО-ДПМНЕ, годинава во време на најголема криза, ќе потрошат речиси милион евра за партиски вработувања.

„Во тоа предничи Данела Арсовска која од буџетот на Град Скопје ќе потроши 670.000 евра за времени вработувања. Тоа е истата Арсовска која немаше пари да им помогне на скопјани за парното.

Потоа следи Бобан Стефковски кој за истата цел од буџетот на општина Гази Баба ќе потроши 200.000 евра народни пари.

Орце Ѓорѓиевски од Кисела Вода за вдомување на партиски кадри и медиумски гласници на ВМРО-ДПМНЕ годинава ќе потроши 100.000, а неговиот колега од Ѓорче Петров, Александар Стојковски за партиски вработувања ќе потроши над 25.000 евра“, посочи Кузеска и додаде дека милион евра се сериозни средства со кои може да се реализираат десетици проекти или конкретно да им се помогне на одредени категории граѓани.

Share
Scroll to Top