(Видео) Кузеска: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не сработија ништо досега

пред 2 години

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување, во првите месеци од мандатот не сработеа ништо во интерес на граѓаните и општините, обвини денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Како што рече таа, граѓаните се сведоци само на прекинување на проекти, кршење на законите и партизација.

„Данела Арсовска е прв пример за неработа, за неправење ништо. Освен што се прогласи за ненадлежна за сè, прекинуваше проекти и нивелираше една шахта. Ништо друго не сработи во првите два и пол месеци од мандатот. Арсовска среде енергетска криза не одвои ниту денар за помош на скопјани и ги остави без парно, по што мораше Владата да презема мерки и да обезбеди парно за скопјани“, посочи партиската портпарлка.

Во продолжение, Кузеска се осврана на како што кажа, неработата и на други градоначалници.

„Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски наместо да направи нешто за граѓаните, во време на криза потроши 6.000 евра за чоколадни бонбони, сокови и кроасани. Кирил Пецаков градоначалникот на Охрид ќе остане запаметен само по тоа што ги прекрши законите и протоколите и го загрози здравјето на охриѓани. Бобан Стефковски градоначалникот на Гази Баба стопираше неколку капитални проекти од неговиот претходник, како училиштето ‘Кирил и Методиј’ во Стајковци. Буквално ништо не направи ниту градоначалникот на Бутел, ниту на Кисела Вода. Градоначалник на Прилеп не знаеме ниту дали има, ниту што работи“, истакна портпарлката на СДСМ додавајќи дека наместо проекти и решенија градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираат потребите на граѓаните и го кочат развојот на општините.

Share
Scroll to Top