(Видео) Кузеска: Мицкоски да се договори сам со себе дали сака лидерска средба или не

пред 3 години

Време е конечно Христијан Мицоски да се договори сам со себе дали сака лидерска средба, каква лидерска средба сака и во која форма да биде таа, изјави денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа ова го кажа откако вчера премиерот Заев најави дека до крајот на годината ќе се одржи лидерска средба, која очекува да ја свика претседателот Стево Пендаровски.

На ова се спротивстви лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој посочи дека нема да присуствува на евентуална лидерска средба организирана од страна на претседателот.

„Не ја гледам улогата на Стево Пендаровски во оваа лидерска средба. Стево Пендаровски не е лидер на политичка партија. Ако е потребна поддршката на политичките партии, ние политичките партии да разговараме за нешто, тогаш се знае, треба да седнат политичките партии и да разговараат“, го образложи Мицкоски својот став додавајќи дека лидерска средба ќе прифати доколку е дојдена по иницијатива на Владата.

Share
Scroll to Top