(Видео) Кузеска: СДСМ успеа значително да ги покачи платите од времето на ВМРО-ДПМНЕ

пред 2 години

Според портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, во изминатите неколку години СДСМ успеала значително да ги покачи платите, со што покажале грижа и дека го вреднуваат трудот на работниците.

Кузеска вели дека платите растат со СДСМ покрај сите предизвици со глобалните, светски економските последици од ковид пандемијата, со енергетската криза а сега и кризата со воената агресија врз Украина.

Според неа, тоа е резултат на вистински социјалдемократски политики кои парите ги враќаат назад кај граѓаните.

„Просечната плата успеавме да ја покачиме до 30.000 денари, односно за само 5 години е поголема за речиси 9.000 денари, за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога беше едвај 21.000 денари. Дека знаеме да го цениме и вреднуваме трудот на работниците потврда е и последната одлука за ново зголемување на минималната плата на 18.000 денари. Тоа е двојно зголемување, за 100% за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ. Сите го паметиме тоа време на споменичко лудило, кога платите беа замрзнати, а работниците беа третирани како евтина работна сила“, истакна Кузеска.

Додаде дека во време на најголема економска и енергетска криза СДСМ ја зголемила минималната плата за да го заштити животниот стандард. Со оваа мерка, како што рече, се опфатени 80.000 работници кои досега земале минимална плата и уште 70.000 работници кои земале плата меѓу 15 и 18 илјади денари.

Платите, нагласи таа, ќе растат и понатаму, но преку издржани решенија, и системска методолошка рамка.

Share
Scroll to Top