(Видео) Кузеска: Со законски измени Владата ќе им наложи на јавните претпријатија да ги простат долговите на граѓаните

пред 3 години

Со мерката 22 во петтиот сет економски мерки е вклучено бришењето камати на граѓаните кон Јавни институции и претпријатија, посочи на денешната прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Со законски измени на Јавните комунални претпријатија, Јавните претпријатија и Управата за Јавни приходи, како и на општините и на сите други институции од јавните дејности, ќе им се нареди да ги простат и избришат долговите на граѓаните, по основ на камати во висина од 100%“, објасни таа, додавајќи дека со мерката ќе бидат опфатени сите физички лица во државата.

Кузеска истакна и дека главнината, којашто граѓаните ја должат повеќе од три месеци, по основ на испорачани комунални и други јавни услуги или даноци и данок на имот, ќе може да се репрограмира за плаќање во период од 12 месеци.

„Мерката за репрограмирање ќе се направи преку објава на Јавен повик во траење од 5 месеци. Во овој рок, граѓаните ќе може да побараат репрограмирање на долговите. Тоа значи дека секој граѓанин ќе има можност да добие отпис на камати, ако претходно направи репрограмирање за отплата на основниот долг на 12 месеци“, рече партиската портпаролка.

Тоа додаде и дека за да се спречи злоупотреба на оваа мерка, ако граѓанинот после првиот месец не продолжи со исполнување на договорните услови, затезните камати ќе почнат да течат како претходно.

„Бришењето камати на граѓаните кон јавните институции и претпријатија, не се однесува на долгови кон приватни претпријатија кои даваат јавни услуги, како и на правните лица кои се корисници на ваквите услуги или даночни обврзници“, нагласи Кузеска со објаснување дека според апелот од Владата, и приватните компании може да се вклучат во оваа мерка, како чин на солидарност.

Share
Scroll to Top