(Видео) Кузеска: 622 милиони евра кај граѓаните и компаниите, со мерките на СДСМ има повеќе за сите

(Видео) Кузеска: 622 милиони евра кај граѓаните и компаниите, со мерките на СДСМ има повеќе за сите

пред 5 месеци

Со мерките и политиките кои СДСМ ги реализира има повеќе за сите. Кога велиме со СДСМ има повеќе за сите бројките силно, јасно и прецизно го потврдуваат тоа. Го реализираме 9-тиот пакет антикризни мерки вреден 662 милиони евра, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Силно поддржуваме 120.000 млади лица, над 74.000 социјално ранливи граѓани, над 187.000 пензионери, 40.000 земјоделци, речиси 540.000 корисници на апликацијата Мој ДДВ, 600.000 домаќинства како и над 70.000 компании.

Грижата за сите носи повеќе за сите.

Од независноста до денеска, досега, не се случило толку голема финансиски помош, толку многу пари некоја влада да пренасочи кон граѓаните и компаниите.

Ние во СДСМ сме горди на тоа. Само со 9 те пакети ние имаме над 2 милијарди евра пари вратено кај граѓаните.

Но, кога велиме дека со СДСМ има повеќе за сите не мислиме само на антикризните мерки, не мислиме само на помошта кога е енергетска криза“, вели Кузеска.

Како што рече, повеќе за сите е и фактот што СДСМ ја покачи минималната плата на 20.000 денари. За разлика од времето на ДПМНЕ кога беше едвај 9.000 денари.

Со СДСМ, оценува Кузеска, работниците имаат поголема минимална плата за над 120%. И минималната плата ќе продолжи да расте, затоа што со СДСМ работниците добиваат повеќе.

Според неа, во времето на ДПМНЕ просечната плата беше 22.000 денари а со СДСМ денеска е над 37.000 денари.

Платите, како што најави, ќе продолжат да растат затоа што со СДСМ има повеќе за сите.

„Просечната пензија во јануари 2016 година изнесуваше 13.076 денари, а денес е 19.062 денари, што е зголемување за 6,000 денари или за 52,9%. Минималната пензија исто така ја зголемивме за 50%.

И пензиите ќе продолжат да растат затоа што со СДСМ има повеќе за пензионерите.

Со мерката за поврат на ДДВ, досега имаме вратено над 100 милиони евра кај граѓаните. Се повеќе пари ќе завршуваат назад кај граѓаните, со СДСМ има повеќе за сите.

Повеќе за сите не е само политика и мерки, повеќе за сите е посветеност за граѓаните, за подобрување на нивниот животен стандард, но и за иднината на државата“, прецизира портпаролката на СДСМ.

Текстот (Видео) Кузеска: 622 милиони евра кај граѓаните и компаниите, со мерките на СДСМ има повеќе за сите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top