(Видео) Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра преземени во периодот на власта на СДС и ДУИ, каде завршија парите никој не знае

(Видео) Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра преземени во периодот на власта на СДС и ДУИ, каде завршија парите никој не знае

пред 3 часа

Кога СДС зборува за задолжувањето, мора да се потсетиме на еден многу важен факт. Во следните неколку години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра преземени во периодот на власта на СДС и ДУИ, истакна на прес-конференција Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Долговите што денес и во следните години треба да ги враќа Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според неа, не се создадени вчера.

„Само оваа година се враќаат околу 1,5 милијарди евра.

Во 2027 година треба да се вратат уште 1,5 милијарди евра, во 2028 година околу 1,9 милијарди, во 2029 година околу 1,3 милијарди, а во 2030 година уште 1,4 милијарди евра.

Тоа се близу 8 милијарди евра, долгови кои ги остави СДС, а не знаеме на што ги потрошија.

Не може седум години да управувате со државата, да ја задолжувате и да преземате финансиски обврски, а потоа од опозиција да се однесувате дека долгот го направил некој друг“.

Кога Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ја презеде одговорноста во јуни 2024 година, јавниот долг, посочи таа, беше над 60 проценти од БДП.

Денес, нагласи дека, јавниот долг изнесува 58,8 проценти од БДП.

„Од една страна ги враќаме долговите што сме ги наследиле, а од друга страна јавниот долг како процент од БДП е понизок од нивото што го затекнавме.

Паралелно, македонската економија денес бележи раст од 4,3 проценти.

Кога СДС следниот пат ќе зборува за јавниот долг, нека одговори за што ја задолжија државата 4,5 милијарди евра за само 7 години?

За јахта, стан во Дубаи или пак акции во индиска авиокомпанија?

Не сме исти. Разликата е евидентна“.

Текстот (Видео) Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра преземени во периодот на власта на СДС и ДУИ, каде завршија парите никој не знае е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top