(Видео) Лазов: Крими бизнисот на Филипче за стерилизација е приоритет, а набавката на вакцини може да почека

пред 3 години

Власта освен во лажењето за вакцините против корона, контиунитет има и во сомнителни тендери или тендери за кои самите тие одлучуваат и ги интересира само личната добивка, во конкретниов случај оној за еден вид на приватизација на стерилизацијата, изјави Кирил Лазов од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој кажа дека станува збор за многу специфична област, за која, како што рече, во иднина ќе се грижи приватна фирма која ќе треба да набавува хируршки инструменти, облека за лицата кои влегуваат во операциска сала, дезинфекција на салите, до грижа за медицинскиот отпад и слично.

„Кон средината на јануари со допис беа известени здравствените установи дека „се исполнети сите договорни услови за приватниот партнер да започне со давање на интегрираните услуги за стерилизација“.  Во прилог им беше доставен готов договор кој треба да го потпишат надлежните, корисниците на овие услуги. Станува збор за 31 здравствена установа од целата држава. Но, од почетокот на постапката во 2019 година кога ВМРО-ДПМНЕ побара одговори од министерството за здравство ништо не се случи, освен зделки кои очигледно одговараат на сметките на Филипче и Заев. Иако Филипче велеше дека презема чекори за унапредување на јавното здравство, освен физибилити студии, тендери или сомнителна  приватизација на јавното здравство, не видовме ништо“, рече тој.

Лазов вели дека власта и министерството за здравство имаат обврска да одговорат зошто формираните цени се четири пати повисоки од оние до сега, дали е доволно приватниот партнер да доставува банкарска гаранција од само 5% од вредност на договор, како што стои во понудениот договор до здравствените установи и зошто анексите на договорот се однесуваат главно на начинот и условите на плаќање.

Share
Scroll to Top