СДС на Заев и Филипче се продолжеток на режимите на Владимир Путин и Александар Лукашенко. Македонија со власта на СДС, Заев и Филипче беше прогласена за хибриден режим, истакна на прес-конференција Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС на Заев и Филипче, даваше пасоши на белосветски криминалци, државјанства на криминали како русинот Онишченко и тендери на почесни конзули на Белорусија, како што е Борче Марковски.
СДС на Заев и Филипче на Марковски му делеа милионски тендери, за кои денес тој е на обвинителна клупа, а Онишченко избега од Украина поради перење пари и корупција, за да Македонија и тогашната власт на СДС овој близок човек на Путин го прими со раширени раце“.
Според него, сличноста меѓу Марковски и Онишченко води до ист заклучок, дека во времето на СДС, Заев и Филипче,како што рече, се негувале односи со луѓе кои се поврзуваат со кругови блиски до Путин и Лукашенко, а за кои постојат основани сомнежи за коруптивни шеми.
„Оваа ненародна политика на СДС, Заев и Филипче треба да остане во минатото, а за националните предавства да се одговара“.
Текстот (Видео) Лефков: СДС на Заев и Филипче се продолжеток на режимите на Владимир Путин и Александар Лукашенко е превземен од МАКФАКС.






